Втор ден карантин во Вухан, болниците претрупани со пациенти

Поради ширењето на коронавирусот во кинескиот град Вухан, на вториот ден од карантинот, во пресрет на одбележувањето на кинеската Нова година, улиците и шопинг центрите се празни, а граѓаните со часови чекаат за преглед во болниците.


Во градот со 11 милиони жители затворени се железничките и метро станиците, како и аеродромот, додека патиштата не се целосно затворени. Полицијата ги проверува возилата кои влегуваат и излегуваат од градот.

Продавниците се испразнети, поради обемното снабдување со намирници кои луѓето ги набавуваат во случај на продолжена изолација.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, болниците се претрупани со пациенти, кои доаѓаат со маски на лицето, а медицинските лица се во заштитни одела.

 Во пресрет на кинеската Нова година, сообраќајот е прекинат во најмалку 10 градови со популација од 33 милиони луѓе – Вухан, каде што е откриен вирусот и девет соседни градови во кинеската провинција Хубеи.

Од коронавирусот досега починаа 26 луѓе, а заразени се повеќе од 800.

Во училиштата е продолжен зимскиот распуст, а Министерството за образование забрани јавни собири или испити. Кинеските власти презедоа мерки на претпазливост низ целата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...