Трамп: Многу убав гест од Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и се заблагодари на Русија за упатената медицинска опрема што ќе помогне во спасувањето животи на Американците пред налетот на пандемијата на коронавирусот, јавија американските медиуми.



Трамп овој потег го оцени како многу добар гест.

-Тоа е многу убав гест на претседателот Владимир Путин. Кажав дека ќе ја прифатам неговата помош. Воопшто не ме загрижува Русија и пропагандата, ниту малку. Прифатив многу медицинска опрема од висок квалитет. Тоа може да спаси многу животи и секогаш би ја прифатил, изјави Трамп на прес конференција, зборувајќи за испораката на руската помош.

Во Њујорк вчера слета авион „А-124“ со медицинска опрема, што ја упати Русија. Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов претходно соопшти дека Русија испраќа опрема, средства за дезинфекција, очила, маски и респиратори.

Тој ја истакна неопходноста од меѓународна соработка во борбата против коронавирусот, бидејќи, како што кажа, ниту една земја не може самостојно да се избори со пандемијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...