Трамп ја избриша расистичката снимка од Флорида на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја избриша од Твитер вчерашната видео снимка во која неговите приврзаници извикуваат расистички слоган.



На видеото се гледа како неговите приврзаници извикуваат „бела надмоќ“, слоган кој го користат екстремно десничарските бели расисти. Најавата, направена во пензионерска заедница во Вилиџис, на Флорида, покажува колона на постари Американци кои минуваат во колички за голф, украсени со американски знамиња и пароли за поддршка на Трамп, додека околу нив се собрани противниците на републиканскиот претседател.

Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир изјави дека Трамп е „голем обожавател на Вилиџис“.

-Тој не го слушна слоганот на видеото. Тој слушна само голема поддршка од голем број негови поддржувачи, рече Дир.

Видеото со кавгата меѓу двете страни е во траење од две минути, а извикувањето на слоганот „бела моќ“ може да се слушне уште на самиот почеток.

-Благодарност до големите луѓе во заедницата Вилиџис. Радикалните левичарски демократи кои не прават ништо, ќе загубат на есен. Корумпираниот Џо ќе заврши. Се гледаме наскоро, напиша Трамп покрај снимката, што подоцна беше избришана.

Неговата објава доаѓа во време на расните тензии, дебата за системска дискриминација и распространети протести низ САД, откако полицијата кон крајот на минатиот месец во Минеаполис го задави Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Сенаторот Тим ​​Скот, единствениот црн републиканец во Сенатот, го искритикува претседатолот .

-Тој не требаше да го сподели тој пост и требаше да го отстрани, рече Скот за Си-Ен-Ен.

-Целата работа е навредлива, заклучи тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...