Трамп предложи продажба на Порторико по ураганот Марија

По катастрофалниот ураган Марија во Порторико, американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледа идејата за продажба на овој остров во 2017 година, изјави за „Њујорк Тајмс“ Елејн Дјук, поранешен заменик началник за национална безбедност, јави Си-Ен-Ен.



– Неговите идеи се посоодветни за бизнисмен отколку за претседател, рече Дјук.

Таа додаде дека продажбата на Порторико никогаш не била сериозно разгледувана откако Трамп тоа го предложи.

Речиси три илјади луѓе го загубија животот како резултат на невремето. Трамп претходно ја обвини локалната власт на Порторико за ненаменско трошење пари обезбедени од неговата администрација, а во ноември 2018 година Белата куќа го извести Конгресот дека претседателот не сака да испрати дополнителни средства за санација на штетата.

По невремето, Трамп негираше какви било грешки направени од неговата администрација и ја пофали за реагирањето по ураганот Марија, оценувајќи дека тоа е „неверојатен и неоспорен успех“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...