Анкета: Бајден со предност од 10 процентни поени пред Трамп

Вашингтон, 28 октомври 2020 (МИА) – Една недела пред претседателските избори во САД на 3 ноември, демократскиот кандидат Џо Бајден води пред републиканецот Доналд Трамп на национално ниво со 10 процентни поени, според анкетата на Ројтерс/Ипсос.

Национална онлајн анкета спроведена од 23 до 27 октомври покажа дека 52 отсто од гласачите изјавиле дека го поддржуваат Бајден, додека 42 отсто би гласале за Трамп

Пет проценти се изјасниле дека размислуваат за кандидат од трета страна, а само 2 проценти одговориле дека сè уште не знаат за кого ќе гласаат. Речиси една третина од возрасните Американци изјавиле дека веќе гласале. Бајден водеше со 8 процентни поени во претходната национална анкета спроведена од 20-22 октомври.

Ројтерс/Ипсос ја спроведе анкетата меѓу веројатните гласачи во шест држави – Висконсин, Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина, Флорида и Аризона – кои ќе играат клучна улога во одлучувањето дали Трамп ќе добие втор мандат или Бајден ќе го наследи.

Најголемата разлика е во Висконсин, каде 53 отсто од испитаниците се изјасниле за Бајден, а 44 за Трамп. Во Мичиген, Бајден ја зголеми предноста во однос на последната анкета од 51, на 52 отсто, додека Трамп доби 43 проценти од гласовите.

Најнеизвесно е во Северна Каролина каде 49 проценти од испитаниците би гласале за Бајден и 48 отсто за Трамп.

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, Бајден води и во Пенсилванија, Флорида и Аризона.

Инаку, досега својот глас го дале близу 69,5 милиони луѓе, што е половина од вкупниот број гласови на изборите во 2016 година, јави ДПА. Според Изборната комисија на претходните претседателски избори вкупно гласале околу 137 милиони луѓе. Исто така, на изборите во 2016 година предвреме гласале 47 милиони лица. ссм/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...