Пад на вредноста на акциите на „АстраЗенека“ заради сомнежи во ефикасноста на вакцината

Трет ден по ред паѓа вредноста на акциите на британската фармацевтска компанија „AстраЗенека“ поради сомненијата во ефикасноста на нејзината вакцина против Ковид-19, покажуваат податоците од трговијата на берзите.



Акциите на оваа компанија денеска на пладне загубија уште 0,66 отсто ов вредноста и паднаа на 79,47 фунти, а од почетокот на неделата вкупната загуба изнесува 4,4 отсто од нивната вредност.

„АстраЗенека“ во понеделникот соопшти дека привремената анализа на клиничките испитувања на вакцината, развиена со научници од Оксфорд, покажала просечна ефикасност од 70 отсто. Според фармацевтската компанија, учесниците добиле две различни дози на вакцината, едната покажува ефикасност од 90 отсто, а другата од 62 отсто.

Блумберг претходно денеска, повикувајќи се на Монсеф Словеј, советник во администрацијата на актуелниот претседател Трамп, изјави дека дозата на вакцината развиена од „АстраЗенека“ во соработка со Универзитетот Оксфорд, што покажа голема ефикасност, е тестирана врз волонтери на возраст не поголема од 55 години.

„AstraZeneca Plc“, една од најголемите фармацевтски компании во светот, е создадена во 1999 година со спојување на британската „Zeneca Group Plc“ и шведската „Astra AB“. Компанијата се занимава со развој, производство и продажба на лекови за третман на болести на гастроинтестиналниот тракт, кардиоваскуларни, невролошки и онколошки заболувања



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...