ЕМА ги проценува податоците за третата доза на вакцината Фајзер

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека ги проценува податоците за третата или засилувачка доза на вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19, која се дава шест месеци по втората доза кај луѓе над 16 години.



Во врска со барањето на Бионтек, ЕМА објави дека ќе направи брза проценка на податоците, а резултатот се очекува „во следните неколку недели“.

Американската компанија Модерна во петокот соопшти дека побарала условно одобрување од ЕМА за давање на вакцината против коронавирус во доза од 50 микрограми.

Во соопштението на Модерна се вели дека одговорот на ЕМА се очекува во разумен рок.

Модерна и Фајзер вакцините со две дози се засноваат на нова мРНА технологија.

ЕМА, исто така, соопшти дека ги оценува податоците за употреба на дополнителни дози на мРНА вакцини кај луѓе со слаб имунолошки систем.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) минатата недела соопшти дека нема итна потреба од засилувачки вакцини против Ковид-19 кај луѓе кои се целосно вакцинирани.

САД се подготвуваат да воведат засилувачки дози, откако американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи во неделата рече дека најверојатно официјалните претставници наскоро ќе добијат регулаторни дозволи за засилувачка доза на вакцината Фајзер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...