СЗО објави дефиниција за состојбата „продолжен ковид“

Светската здравствена организација објави дефиниција за „продолжен ковид“, термин што се користи за да се опишат здравствени проблеми што ги доживуваат луѓето кои прележале коронавирус.



Научниците се уште работат на разбирање на овој синдром. СЗО го дефинира „продолжениот ковид“ како состојба со најмалку еден симптом што обично започнува да се појавува во рок од три месеци од почетокот на потврдената или веројатна инфекција со коронавирус и трае најмалку два месеца.

Симптомите на „продолжен ковид“ може да почнат за време на инфекцијата или да се појават по првпат откако пациентот ќе закрепне. Меѓу најчестите упорни симптоми се наведуваат замор, отежнато дишење и когнитивни проблеми. Други симптоми вклучуваат болка во градите, проблеми со чувството за мирис или вкус, мускулна слабост и брзо чукање на срцето.

Состојбата на „продолжен ковид“ генерално има влијание врз извршувањето на секојдневните активности.

Точниот број на луѓе погодени од оваа состојба се уште не е познат.

Студија од Универзитетот во Оксфорд, во која беа вклучени повеќе од 270.000 луѓе кои се заразиле со коронавирусот, откри најмалку еден симптом во 37 проценти од случаите, при што симптомите се почести кај луѓето на кои им е потребна хоспитализација.

Одделна студија од Универзитетот Харвард, која опфати повеќе од 52.000 луѓе кои имаа вирус и имаа благи симптоми на инфекција или беа асимптоматски, сугерира дека продолжените состојби на ковид може да бидат почести кај пациенти под 65-годишна возраст.

Многу од симптомите на оваа состојба се пријавуваат дека исчезнуваат со текот на времето, без оглед на сериозноста на почетната форма на Ковид-19.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...