Авганистан: Талибанците бараат од ТВ мрежите да не прикажуваат серии со жени

Талибанското Министерство за промоција на доблеста и спречување на пороците ги повика авганистанските телевизии да престанат да емитуваат серии во кои учествуваат жени, како дел од новите „верски упатства“ објавени вчера.

„Телевизиите треба да избегнуваат прикажување фељтони и романтични серии со жени“, се вели во документот на Министерството до медиумите.

Истовремено, од новинарките се бара да носат „исламски превез“ на телевизија, без да наведат дали станува збор за шамија што жените вообичаено ја носат на авганистанската телевизија или за превез што им го покрива најголемиот дел од лицето.

– Ова не се прописи, туку религиозни упатства“ изјави портпаролот на министерството Хакиф Мохаџир.

На авганистанските телевизии, исто така, им е упатен повик да се воздржат од програми кои „се судираат со исламските и авганистанските вредности“, како и од оние што ја навредуваат религијата или „го прикажуваат пророкот и неговите другари“.

Ова е првпат Министерството да се обиде да воведе правила за авганистанската телевизија откако Талибанците ја презедоа власта во средината на август.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...