Медведев: Односите Русија – САД се на апсолутна нула

Заменик-претседателот на Совет за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска изјави дека руско-американски односи се на апсолутна нула односно дека не е можно дополнително да бидат замрзнати.



– Сега немаме никакви односи со САД. Тие се на нула на Калвиновата скала. И нивното одмрзнување сега не е потребно. И засега нема потреба да се преговара со нив. Тоа е штетно за Русија, истакна Медведев за Спутник.

Тој оцени дека сега е најнеповолното време за нови преговори со САД за продолжување на Договорот за намалување на стратешкото оружје (СНВ-3).

– Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот на државата. Како човек кој има директна врска со тој договор и кој го потпиша во 2010 година, верувам дека сега е најнеповолното време за нови преговори, посочи Медведев.

Според него, преговорите минатата година се воделе во изменети околности, а сега се во „мртва зона“.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го продолжи Договорот за намалување на стратешкото оружје за пет години односно до 2026 година, што овозможува обединета руско-американска контрола врз нуклеарното оружје.

Русија и САД почнаа да ги усогласуваат параметрите на идниот договор за ограничување на нуклеарното оружје, но го прекинаа дијалогот по почетокот руската инвазија врз Украина.

Американскиот Стејт департмент објави дека Вашингтон е подготвен да ја разгледа можноста за нова рунда стратешки дијалог со Русија, но дека сака докази за добронамерниот пристап на Москва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...