Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на 950 лица

Најмалку 950 луѓе загинаа, а стотици се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала кој во 1:30 часот по локално времего погоди денеска Авганистан.



Како што јави Би-Би-Си, најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но загинати има и во источните провинции Нангархар и Кост.

Претходно заменикот министер за справување со вонредни ситуации Шарафудин Муслим соопшти дека во земјотресот загинале 920 лица, а над 600 се повредени.

Земјотресот го погоди подрачјето на околу 44 километри од југоисточниот град Кост, на длабочина од 51 километар.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во опсег од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија.

„За жал, синоќа имаше силен земјотрес во четири окрузи на провинцијата Пактика, во кој загинаа и беа повредени стотици наши сонародници и уништени десетици куќи“, напиша на Твитер владиниот портпарол Билал Карими. „Ги повикуваме сите хуманитарни агенции веднаш да испратат тимови во областа за да се спречи понатамошна катастрофа“, додаде тој.

Земјотресите, кои се чести во Авганистан, имаат тенденција да предизвикаат значителна штета во Авганистан, каде што има многу рурални области каде живеалиштата се нестабилни или се изградени според несоодветни стандарди.

Деценискиот конфликт ѝ отежна на сиромашната земја да ја подобри својата заштита од земјотреси и други природни катастрофи – и покрај напорите на агенциите за помош да зајакнат некои згради во текот на годините.

Во изминатите 10 години повеќе од 7.000 луѓе загинаа во земјотреси во земјата, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Во просек годишно има 560 смртни случаи од земјотреси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Детето: Тато, види имам температура 38.
Таткото: Ништо не е тоа бе сине. Сум имал јас 50, па и 60 еднаш.
Мајката: Не го лажи детето бре, знаеш дека не може да имаш...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден за борба против корупцијата.
1594.- Роден е шведскиот крал Густав Втори...
1608. - Во Лондон е роден Џон Милтон, англиски...
1638.- Во Дубровник умре Иван Гундулиќ, хрватски...