Ураганот Ијан предизвика катастрофални поплави на Флорида



Ураганот Ијан вчера ја зафати Флорида, а беше придружен од силни ветрови и обилни врнежи од дожд што предизвикаа катастрофални поплави и прекин на електричната енергија низ оваа американската сојузна држава.

Брод со мигранти потона во близина на траекторијата на ураганот, кај островите Кис, а крајбрежната стража сè уште трага по 20 лица, откако спаси тројца, додека четворица успеаја самите да допливаат до брегот.

Ураганот, следен од ветрови со бризина од 185 километри на час, стигна на брегот на Кајо Коста, во југозападна Флорида, во 15:05 часот по локално време (21:05 часот по средноевропско време), наведе Националниот центар за урагани на САД (NHC).

Ијан предизвика катастрофални поплави, додаваат од институцијата. Иако беше во 4-та категорија од петстепената скалата Сафир-Симпсон, сега ураганот е ослабен до трета категорија, но сепак има разорна моќ, наведува истиот извор.

Синоќа речиси два милиона домови во Флорида останаа без струја, а повеќето од нив се во близина на патеката на ураганот, јави специјализираната веб-страница PowerOutage.

Неколку окрузи во близина на местото каде што Ијан удри на копното се речиси целосно без струја, наведува веб-страницата.

Градот Пунта Горда е целосно во темнина. Во текот на ноќта беше осветлена само секоја зграда опремена со генератори, а единственото нешто што се слушаше беа свирежите на ветерот и врнежите од дожд.

Во градот Наплес, во југозападна Флорида, улиците беа под вода, а поројот носеше автомобили, покажуваат снимките на телевизијата Ем-ес-ен-би-си.

Во градот Форт Мајерс, поплавите се толку големи што некои населби наликуваат на езера.

Оваа метеоролошка појава во текот на денот треба да се придвижува кон внатрешноста на копното и вечерва да пристигне над западниот Атлантик, наведе НХЦ. Со минувањето преку копното, ураганот треба да ослабне, но сепак може да предизвика значителна штета додека не стигне до источна Флорида, додаваат оттаму.

Гувернерот Рон Де Сантис синоќа изјави дека ова најверојатно ќе биде „еден од петте најразорни урагани што некогаш ја погодиле Флорида“.

-Ова е бура за која ќе се зборува многу години, рече директорот на НВС, Кен Греам, на прес-конференција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Откако се омажив сексот веќе не ми е никакво задоволство - и кажува една пријателка на друга.
-Не можам да верувам, како така?
-Мораш да ми веруваш. Кога и да почнеме, мажот ми...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа...
Верски календар
На денешен ден
1520. - Португалскиот морепловец Фернандо...
1632. - Роден е Жан Батист Лули, француски...
1680. - Во Рим умре Џовани Лоренцо Бернини,...
1806.- Француската армија на Наполеон Бонапарта...