НАТО го поздравува повикот на ОН светот да не ги признава украинските територии како дел од Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја поздрави Резолуцијата на Генералното собрание на ОН донесена синоќа со која се осудуваат руските „обиди за нелегална анексија” на четирите делумно окупирани региони во Украина и се повикуваат сите земји во светот да не ги признаваат тие територии како дел од Русија.

-Тоа е многу силна порака која јасно ги осудува незаконските руски дејствија и повикува на поништување на одлуките. Ова покажува дека мораме да го заштитиме меѓународниот поредок, додаде Столтенберг.

Според него, важно е земјите од НАТО да и пружат невидена поддршка на Украина. Генералниот секретар истакна дека пактот ќе ја поддржува Украина се додека е потребно.

-Ќе ја зголемиме поддршката, особено со обезбедување повеќе средства за воздушна одбрана, додаде тој во изјавата пред почетокот на вториот ден од дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, изјави дека САД целосно ги поддржуваат одредбите на Членот 5 од Вашингтонскиот договор и се подготвени да ја бранат секоја педа земја на НАТО „кога и доколку биле потребно”.

-Ќе продолжиме со напорите за поддршка на Украина се додека е потребно, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...