Мобилком Австрија - нов мобилен оператор во Република Македонија

Скопје, 5 февруари (МИА) - По објавувањето на  македонската Влада дека Мобилком Австрија е новиот мобилен оператор во Република Македонија,  Групацијата Мобилком Австрија во денешното соопштение  вели дека пренесувањето на знаење и искуство од нивна страна ќе придонесе за натамошна либерализација на пазарот.

Во соопштението се додава дека цената за лиценцата за GSM 900/1800 изнесува 10 милиони евра и е доделена за период од 10 години, со тоа што може автоматски да се продолжи за уште 10 години.

Мобилком Австрија започнува преговори со надлежните институции за изработка на договор за лиценцата.

- Добивањето лиценца во Република Македонија, по Србија, за нас е нова можност за развој на бизнисот со мобилна телефонија на уште еден атрактивен пазар. Тоа е во согласност со стратегијата на ширење на групацијата Мобилком Австрија во Источна и Југоисточна Европа. Заради размената на искуства и знаење со операторите на Мобилком Австрија Групата во соседните земји, оваа директна инвестиција ќе придонесе во понатамошниот развој и либерализација на овој пазар, истакнува Борис Немшиќ, претседател на Управата на Телеком Австрија и Мобилком Австрија.

Новиот оператор во сопственост на Мобилком Австрија треба да почне со работа во рок од шест месеци по потпишувањето на договорот за лиценца и треба да обезбеди 30 процентна покриеност на населението за 12 месеци работа. Во рок од 24 месеци работа треба да достигне 50 проценти покриеност на населението, а во рок од 48 месеци, 90 проценти, се вели во соопштението од Групацијата Мобилком Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...