Собраниска делегација во Индонезија на 116 Собрание на Интерпарламентарната унија

Скопје, 7 мај (МИА) - Делегација од Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија, учествуваше на 116-то Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) што се одржа од 29 април до 4 мај 2007 година, во Нуса Дуа, Индонезија.

Делегацијата ја предводеше Силвана Бонева, а членови беа Јани Макрадули, Горан Мисовски, Ружди Матоши и Флора Кадриу. Во делегацијата беше  и генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски кој учествуваше на седниците на Здружението на генерални секретари на парламентите, што паралелно се одржува во рамките на ИПУ.

Во рамките на трите постојани комисии на ИПУ се дискутираше на темите „Почитување и мирната коегзистенција меѓу сите религиски заедници и верувања во глобалниот свет“, „Креирање на работни места и обезбедување на вработување во ера на глобализација“, како и „Промовирање на различностите и еднакви права за сите преку универзалните, демократските и изборните права“.

На почетокот на заседанието се одржа 12-от Состанок на жени пратеници, на кој учествуваа повеќе од 160 парламентарки од 114 земји-членки на ИПУ. На состанокот поголемо внимание беше посветено на женските прашања во ерата на глобализација и потребата на поддршка на женското претприемништво при што беше потенцирана позитивната улога на жените врз вкупниот економски развој на државите. На политички план, се побара сите земји да направат значаен прогрес преку обезбедување на 30 проценти жени во парламентот. Се потенцираше потребата политичките партии да развиваат мерки за промовирање на женското учество во политиката.

Во рамките на генералната дебата на 116-то Собрание на тема „Глобалното затоплување: 10 години по Кјото“, говор одржа Силвана Бонева која го истакна напредокот што Република Македонија го постигнува во насока на приклучување кон светските напори за ублажување на климатските промени и одржливиот развој, при што истакна дека Македонија уште во 1997 година ја ратификува Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени.

Со донесувањето на Националната Стратегија за механизмот за чист развој, Република Македонија ја потврди заложбата за почитување на глобалните заложби за намалување или ублажување на климатските промени. Стратегијата придонесува за реализирање на општата цел на Република Македонија за привлекување странски инвестиции, овој пат преку промоција на инвестициите во животната средина преку предвидените механизми од Протоколот. Бонева нагласи дека надлежните институции во Република Македонија за координирање на активностите врзани со климатските промени и Протоколот од Кјото, веќе потпишале и Меморандуми за соработка со релевантните министерства на Италија и Словенија. Со италијанското Министерство за животна средина е формирана заедничка канцеларија, која веќе работи и која дава техничка и правна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија.

Пратеникот Горан Мисовски во дискусијата на тема „Мирната коегзистенција меѓу сите религиски заедници“ ги информираше пратениците на ИПУ дека оваа година во Охрид е предвидено да се одржи Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог за „Придонесот на верата и културата кон мир, заемно почитување и соживот“, и оти се планира таа да се инситуционализира и континуирано да се одржува. Конференцијата, која е поддржана од УНЕСКО, ќе овозможи широк дијалог и размена на мислења меѓу авторитетни духовни и верски лидери, од сите религии и вери и од различни герграфски региони во светот, и ќе биде дел од Декадата за дијалог меѓу цивилизациите и Декадата за култура на мирот.

Во рамките на дебатата за креирање на нови работни места и глобализацијата, пратеникот Јани Макрадули посочи дека зголемувањето на економскиот раст и оспособувањето на економијата за создавање нови работни места се клучни приоритети во земјата. Свесни дека глобализацијата и зголемената конкурентност бараат драстично зголемување на конкурентските способности на претпријатијата, во Република Македонија се посветува големо внимание на подобрување на образованието кој претставува динамичен процес. Квалитетниот образовен систем и примената на ИТ технологијата е основниот двигател на општеството и економскиот развој. Тој потенцираше дека во Република Македонија е воведено задолжително средно образование.

Делегацијата на македонското Собрание оствари и билатерални средби со Делегацијата на Парламентот на Индонезија и на Парламентот на Чиле, при што побара што побрзо воспоставување на дипломатски односи меѓу нашите држави под уставното име на нашата земја. Делегацијата на Парламентот на Индонезија, како земја-членка на Советот за безбедоност на ОН, покажа посебна подготвеност за поддршка на Република Македонија и лобирање за признавање на уставното име на нашата земја кај другите земји, бидејќи во минатото и нивната земја била именувана со слично име, односно како поранешна холандска република Индонезија. Делегацијата ги извести соговорниците и за состојбите во регионот, важноста од решавање на косовското прашање во рамките на ОН со поддршка на планот на Марти Ахтисари.

На заседанието на Здружението на генерални секретари на парламентите, Жарко Денковски беше промовиран како нов член. Тој учестуваше во расправата за улогата на службите во запознавање на новоизбраните пратеници со функционирањето на парламентите.

Интерпарламентарната унија, основана во 1889 година, е најстарата мултилатерална политичка организација во која членуваат 140 национални парламенти и седум меѓународни парламентарни собранија. Светската организација на парламентите, со седиште во Женева, има статус на постојан набљудувач во рамките на Организацијата на Обединетите нации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...