Заменик министeрoт за надворешни работи на Тајван поднесе оставка поради последиците од тајфунот Моракот

Тајпеј, 18 август (МИА) - Заменик министерот за надворешни работи на Тајван Ендрју Ксија поднесе оставка заради првичното откажување на странската помош по последиците од тајфунот Моракот, соопшти весникот „Јунајтед дејли њуз“.

Дипломатот вчера поднесе оставка, преземајќи ја одговорноста за инструкцијата на Министерството за надворешни работи до тајванските амбасади и претставништва во странство да ги отфрлат понудите за помош.

Оваа одлука на власта доведе до забавување на спасувачките операции и до повеќе жртви.

Во последен момент министерството ја промени својата политиката кон помошта од странство и над 60 земји подарија околу два милиона американски долари и хуманитарна помош.

До вчера официјалниот број на загинати од тајфунот Моракот изнесуваше 126, додека 60 се уште се водат како исчезнати, а 45 се повредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1586.- Томас Хериот од Колумбија ги донесе првите...
1741.- Умре италијанскиот композитор и виолински...
1750.- Во Лајпциг умре Јохан Себастијан Бах,...
1804.- Роден е Лудвиг Фоербах, германски...