НАТО не размислува за повлекување од Авганистан

Брисел, 9 септември (МИА) - НАТО не ја разгледува можноста за повлекување на своите сили од Авганистан во услови на сегашните зголемени политички и безбедносни проблеми во земјата, се наведува во денеска објавената писмена изјава на генералниот секретар на Алијансата, Андрес Фог Расмунсен.

Во изјавта објавена од прес-службата на неговиот Кабинет, Расмусен изразува вознемиреност поради засилените критички тонови во врска со воените напори на НАТО во Авганистан.

- Знам на што се должи тоа. Ние губиме војници од нашите земји при нападите на талибанците, наведува Расмусен.

Според него, тврдењата за измами на неодамнешните претседателски избори во Авганистан предизвикуваат вознемиреност и многумина наведуваат на помисла дека во земјата нема доволно брз напредок.

- Ние треба да останеме и ќе останеме во Авганистан, онолку долго колку што ќе биде неопходно. Никој нека не мисли дека е можно брзо движење кон излезот, се додава во изјавата.

Расмунсен смета дека НАТО би платил многу повисока цена доколку сега го напушти Авганистан, бидејќи тоа би го дестабилизирало и Пакистан и останатите земји во Централна Азија и би ги охрабрило екстремистите ширум светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...