Почит на жртвите од нападите на 11 септември

Вашингтон, 11 септември (МИА) - Во САД денеска ќе бидат одржани комеморативни собири во знак на сеќавање на жртвите од терористичките напади на Њујорк и Вашингтон, кои се случија точно пред осум години.  

Во нападот на два авиони врз зградата на Светскиот трговски центар во Њујорк и еден авион врз Пентагон во Вашингтон, како и при уривањето на четвртиот авион во рурален дел на Пенсилванија, загинаа околу 3.000 луѓе.

На тие места со едноминутно молчење и читање на имињата на жртвите традиционално ќе им се оддаде почит на загинатите.

Американскиот претседател Барак Обама ќе одржи говор кај Пентагон и ќе положи венец на ова место, каде загинаа 184 лица.

Обама вчера издаде соопштение во кое ги повика сограѓаните да учествуваат на комеморацијата, ветувајќи дека „ќе ги пронајде сите оние кои ги извршија овие злосторства, ќе бара правда за убиените и ќе им се спротивстави на сите закани по безбедноста на државата“.

На денешниот собир во Њујорк, каде во нападите на Светскиот трговски центар загинаа повеќе од 2.700 луѓе, ќе присуствува американскиот потпретседател Џозеф Бајден.

На тоа место се уште е во тек изградбата на меморијалниот музеј и пет нови небодери, имајќи предвид дека градењето го одолговлекуваат политичките несогласувања и финансиски и правни спорови.

На комеморацијата на местото каде во едно поле во Пенсилванија, 130 километри источно од Питсбург, пред осум години се урна авион на компанијата „Јунајтед ерлајнс“ при што настрадаа сите 40 патници, ќе зборува поранешниот државен секретар Колин Пауел.

Годинава денешниот ден е прогласен за национална годишна комеморација, а граѓаните својот придонес го даваат со учество во проектите на конзервација, со испраќање помош за војниците на фронт и со волонтерска работа.

По терористичките напади на 11 септември, Америка во октомври 2001 година започна воена операција врз Авганистан со цел од власт да се смени талибанскиот режим и да се уапсат лидерите на терористичката мрежа Ал Каеда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...