1,5 милиони гласови фалсификувани на изборите во Авганистан

Кабул, 16 септември (МИА) - Постои можност околу 1,5 милиони гласови да се фалсификувани за време на претседателските избори во Авганистан, кои се одржаа на 20 август, изјавија денеска во Кабул набљудувачите на Европската унија.

Според европските набљудувачи три четвртини од спорните гласачки ливчиња биле пуштени во корист на сегашниот претседател Хамид Карзаи.

При пребројување на 92,9 проценти од гласовите претседателот Карзаи освои 54,3 отсто и речиси со два пати повеќе гласови води пред неговиот главен политички ривал, поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула, кој освои 28,1 проценти од гласовите.

Независната избирачка комисија претходно соопшти дека 2,15 проценти од гласачките ливчиња се поништени поради изборни нерегуларности.

Локалната комисија за истражување на легитимноста на изборите вчера информира дека гласачките ливчиња во десет проценти од избирачките места во Авганистан ќе бидат преразгледани и повторно преброени поради сомнение за измами.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...