Новиот објект за збогатување ураниум не е тајна

Њујорк, 25 септември (МИА) - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави денеска на прес-конференција во Њујорк дека САД, Велика Британија и Франција „ќе зажалат“ поради тоа што го обвинија Иран дека го криел постоењето на објектот за збогатување ураниум, нагласувајќи оти тој објект не е таен.

Тој истакна дека Иран навремено ја информирал Меѓународната агенција за атомска енергија за објектот, кој денеска западните лидери го означија како предизвик за меѓународната заедница.

- Тоа не е таен објект. Доколку беше зошто би ја информирале МААЕ за него една година порано. Тие (САД, Велика Британија и Франција) ќе зажалат за нивните зборови, рече иранскиот претседател.

Ахмадинеџад истакна дека неговата земја ги испочитувала сите барања на МААЕ, меѓу кои и да ја информира Агенцијата за секој нов објект за збогатување ураниум шест месеци пред тој да почне со работа.

Тој истакна дека новиот објект ќе почне со работа најрано по 18 месеци и додаде дека Иран воопшто не ги нарушил правилата на МААЕ.

Ахмадинеџад изјави дека не претставува никаков проблем инспекторите на МААЕ да го посетат објектот.

Тој исто така нагласи дека нуклеарното оружје е нешто што му припаѓа на минатиот век и повика за глоблно нуклеарно разоружување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...