Норвешка најдобро место за живеење, а Нигер-најлошо

Њујорк, 5 октомври (МИА) - Норвешка е најдоброто место за живеење, а Нигер -најлошото, покажуваат податоците на ОН.

Според информацијата, обезбедена пред светската економска криза, луѓето во Норвешка, Австралија и Исланд имаат најдобар животен стандард. На другата страна се оние што живеат во Нигер, Авганистан и Сиера Леоне, кои живеат во најлоши услови.

Индексот на Програмата на ОН за развој е составен од податоци од 2007 година за Бруто домашниот производ по глава на жител, образованието, траењето на животот и други критерии.

-Многу земји се судрија со проблеми во последните децении -економски падови, кризи, поврзани со конфликти, епидемии од СИДА, и сето тоа е уште пред да се почувствува ефектот на светската финансиска криза, посочува организацијата.

Во Нигер животот просечно трае околу 50 години - за околу 30 години помалку од оној во Норвешка, покажуваат податоците. За секој долар, заработен од жител на Нигер, во Норвешка се заработуваат 85 долара.

Јапонците живеат најдолго - просечно 82,7 години, додека во Авганистан просечниот животен век е 43,6 години.

Лихтенштајн има највисока вредност на БДП по глава на жител - 85,383 долари, а најсиромашни се луѓето во Конго, каде просечната плата на човекот е 298 долари годишно.

Од земјите во Централна и Источна Европа највисок индекс има Словенија 0,929, и со него се наоѓа на 29-то место во светот. Од Балканските држави најдобро стои Грција со индекс од 942, на 25-тото место , пред Романија, Црна Гора и Србија кои се на 63-то, 65-то и 67-то место. Албанија е рангирана на 70-то место, Македонија на 72-то, БИХ на 76-то и Турција на 79-то место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...