Стокхолм, 6 октомври (МИА) - Шарлс Као, Вилард Бојл и Џорџ Смит се овогодишни лауреати за Нобелова награда за физика за својата работа врз оптички кабли и полупроводници.
Као е награден за револуционерни достигнувања поврзани со пренесувањето светлина со влакна за оптичка комуникација. Бојл и Смит развиле успешна технологија со ЦЦД-сензорите.
Наградата ќе биде врачена на 10 декември на церемонија во Стокхолмската концертна сала. Наградата е 1,4 милиони американски држави.
Првата Нобелова награда за физика е врачена на Вилхелм Рентген за откривањето нов вид зраци наречени по негово име. Лани наградата ја доби Американецот Јоичиро Намбу за откривањето механизам за спонтано нарушената симетрија во субатомска физика како и двајца Јапонци - Макаото Кобајаши и Тошихиде Маскава.