Разлика меѓу новиот и сезонскиот грип

Белград, 2 ноември (МИА) - Епидемиолозите наведуваат дека постојат значајни разлики меѓу случаи пријавени во текот на пандемијата и оние кои се регистрирани во текот на сезонската инфлуенција, објави Танјуг.

Тоа значи дека со пандемија се зафатени претежно помладите, кај кои главно се опишуваат случаи на тешка или фатална болест.

До денеска, најголемиот број случаи и смртни исходи се регистрираат кај возрасните под 50 години, во однос на ретките случаи на смртниот исход кај постарите.

Кај сезонскиот грип околу 90 отсто тешки и фатални случаи се случува кај луѓе од 65 години и повозрасни.

Клиничарите низ целиот свет пријавуваат многу тешки форми на болести кај младите и здрави лица, што ретко се гледа во текот на сезонската инфекција со инфлуенца. Кај тие пациенти, вирусот директно ги инфицира белите дробови, предизвикувајќи тешки респираторни пореметувања, велат експертите.

Зголемениот ризик во текот на бременоста е конзистентно добро документиран од разни земји, а значајноста на ризикот е втемелен и во фактите дека почесто се заразени младите лица.

Исто така и респираторните болести, особено астмата, кардиоваскуларните болести, дијабетис и имуносупресијата се состојби кои го зголемуваат ризикот од тешки и фатални болести, а Светската здравствена организација проценува дека низ целиот свет живеат повеќе од 230 милиони луѓе со астма и повеќе од 220 милиони луѓе со дијабетис.

Неколку стидии во светот укажуваат и на висок ризик за хоспитализација и смртни исходи меѓу маргинализираната популација, која живее во лоша социо-економски услови, а кои се и до пет пати  поголем во однос на општата популација, затоа што е условен со лошиот животен стандар и здравствената состојба на овие лица.

Експертите укажуваат дека сезонскиот грип е респираторна заразна болест предизвикана од хуманиот вирус инфлуенца (А и Б) и се јавува во епидемиите, а заразноста е најголема веднаш по настанување на симптомите и најчесто трае пет дена, кај децата до 7 дена.

Симптомите на сезонскиот грип се: зголемена температура над 38 степени, болови на мускулите, кашлање, нос кој тече или е затнат.

Грипот најефикасно се шири од лица на лица со директен контакт по пат на капки при кашлање и кивање од заразено лице, а се пренесува и индиректно преку раце или кога капките од секретот на носот и грлото се најдат на предмети кои секојдневно ги користиме.

Наглото ширење на грипот во текот на есента и зимата претставува сезонска епидемија на грип и се смета дека поради големата заразеност, 5 до 15 отсто од светската популација заболува од грип.

За разлика од сезонскиот, во текот на пандемијата заразеноста, бројот на заболени и смртни случаи се многу поголеми.

Мерките за заштита од грипот опфаќаат редовно миење раце со вода и сапун, покривање на устата и носот со марамчиња во случај кога се кива и кашла, употребеното марамче треба веднаш да се фрли во канта за отпадоци, а ако кивнете во дланка, веднаш да ги измиете рацете, избегнување поздравување, гушкање и бакнување ако кивате и кашлате, да се остане дома кога лицето е заболено и задолжителна консултација со лекарот од општа пракса.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...