Егзекутиран „Вашингтонскиот снајперист“

Вашингтон, 11 ноември (МИА) - „Вашингтонскиот снајперист“ синоќа по локално време е егзекутиран со смртоносна инјекција во затвор во американската сојузна држава Вирџинија.

Џон Ален Мухамад (48) предизвикуваше паника цели три недели во октомври 2002 година во Вашингтон и државите Мериленд и Вирџинија, една година по нападите на 11 септември и смртоносните напади со антракс. Мухамад и неговиот соучесник, тинејџерот Џон Ли Малво застрелаа 10 лица, а жртвите беа случајно избирани.

„Вашингтонскиот снајперист“ бил прогласен за мртов во 21 часот и 11 минути по локално време, соопшти портпарол на затворот во Вирџинија, каде беше извршена пресудата. Смртта настапила без компликации, а Мухамад не го употребил правото на последни зборови.

Американскиот Врховен суд во понеделникот го отфрли обидот на адвокатите на Мухамад да го запрат извршувањето на смртната пресуда. Гувернерот на Вирџинија Тимоти Кејн вчера одби да го помилува „Вашингтонскиот снајперист“ затоа што наводно бил психички болен.

Џон Ален Мухамад беше осуден на смрт поради убиство на маж на бензинска станица во Вирџинија. Неговиот соучесник Џон Ли Малво, кој во тоа време имал 17 години, доби доживотна казна поради друго убиство во истата држава. И покрај недоволните докази за тоа колку лица точно застрелал Мухамад, а колку неговиот соучесник тинејџер, судовите утврдија дека двајцата работеле заедно и затоа секој од нив беше обвинет за 10-те убиства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...