САД и Кина се решение на проблемите

Шангај, 16 ноември (МИА) - Мошне малку светски проблеми можат да бидат решени без соработка меѓу САД и Кина, нагласи денеска американскиот претседател Барак Обама во обраќањето пред приближно петстотини шангајски студенти, кое се одржа во Шангајскиот музеј на науки и технологија.

Обама, кој вчера пристигна во прва посета на Кина, откако ја презеде претседателската функција, истакна дека и Кина и САД не себе го носат товарот на лидерството.

Како пример за еден од најсериозните предизвици американскиот претседател го спомена глобалното затоплување.

Тој предупреди дека во пресрет на конференцијата за климатските промени во Копенхаген, која ќе се одржи од 7 до 19 декември, лидерите од целиот свет ги набљудуваат чекорите што ги преземаат САД и Кина.

- И двете земји треба да преземат сериозни мерки за справување со климатските промени, додаде Обама.

Американскиот претседател изјави дека врските меѓу двете земји може да придонесат за повеќе благодети во светот.

- Сфаќањето дека ние треба да сме соперници не е предодредено, нагласи тој и додаде дека САД не се обидуваат да го ограничат прогресот на Кина.

Обама истовремено ја повика Кина, која е клучен трговски партнер на САД, за избалансирани врски и економски раст.

- Сакам отворен дијалог меѓу двете страни, рече Обама и напомена дека двете земји имаат тесна соработка во сферите на трговијата, енергетиката, екологијата, регионалната безбедност, контролата на оружјето и науката.

Американскиот претседател ги оцени слободата на изразувањето и на учество во политичкиот живот како универзални права и додаде дека САД ќе работат во насока на ширење на овие фундаментални вредности.

- САД не сакаат на другите држави да им наложуваат форми на управување, но нема да молчат и да седат настрана. Борбата против ропството и нееднаквите можности за жените и за малцинствата во САД беше тешка, но успеавме да ја добиеме, нагласи тој.

Обама денеска ќе отпатува за Пекинг, каде ќе се сретне со кинескиот претседател Ху Џинтао и со други високи кинески функционери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...