Кинезите го цензурираа Обама за цензурата

Шангај, 17 ноември (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама ја критикуваше цензурата на Интернет и слободниот говор во Кина, но емитувањето на неговите зборови во кинескиот етер беше блокирано од кинеските власти.

Обама во кинескиот град Шангај изјави дека е голем противник на цензурата.

-Прифаќам дека различни држави имаат различни традиции. Можам да ви кажам дека е факт оти граѓаните на САД имаат слободен Интернет, односно неограничениот пристап е одраз на нашата сила и мислам дека тоа треба и натаму да се охрабрува, рече Обама.

Тој додаде дека верува дека отворената дискусија, вклучувајќи ги и критиките на негова сметка, го прават „подобар лидер“, бидејќи го присилуваат да ги слуша мислењата што не сака да ги слушне.

Еден кинески блогер изјави дека транскриптот од говорот на Обама беше поставен на порталот „Netease“, но кинеските цензори го симнале за само 27 минути.

Целосниот транскрипт на кинески јазик подоцна на својот сајт го стави официјалната кинеска агенција Ксинхуа, но, според странските агенции, потребни се четири клика за да се стигне до саканиот релевантен дел.

Само локалната телевизија од Шангај директно го пренесуваше говорот на Обама, што потоа беше ставен на два популарни Интернет портали и на веб сајтот на Белата куќа.

На сајтот на кинескиот весник „Пиплс дејли“ говорот на Обама е пренесен во скратена варијанта, со акцент дека американскиот претседател говорел за „огромната моќ на Интернетот во ширењето на информациите“, без неговите коментари за цензурата.

Во Кина повеќе од 250 милиони луѓе користат Интернет, но тоа е земја со една од најсилните контроли на Интернетот во светот, попознат под името „Големиот кинески противпожарен ѕид“, поради што е честа цел на меѓународните критики.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...