Tешки преговори за климатските промени во Копенхаген

Копенхаген, 7 декември (МИА) - По две години интензивни преговори, претставници на 190 држави ќе се соберат денеска во Копенхаген на самитот на ОН, со цел да се обидат да постигнат договор за документот за борба против климатските промени.

Еден од учесниците на собирот, кој ќе трае до 18 декември, ја оцени оваа конференција како „најтешки преговори во кои човештвото некогаш се впуштило“, а останува отворено и прашањето дали во следните две недели учесниците ќе успеат да донесат конкретни одлуки или, како што стравуваат еколошките организации, се ќе заврши на празни ветувања. 

Договорот од Копенхаген би требал да претставува темел за новиот пакт за намалување на глобалното затоплување, кој ќе го наследи моментално важечкиот Протокол од Кјото, чија важност истекува во 2012 година.

Меѓу 15.000 учесници ќе се најдат и стотина шефови на држави или влади, а меѓу нив и лидерите на двата најголеми светски загадувачи, Кина и САД - Ху Џинтао и Барак Обама.

САД не се потписнички на Протоколот од Кјото, па затоа нивното учество во новиот договор се смета за многу важно.

Загриженоста на жителите на Земјата поради климатските промени во последните две години бележи пад, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено пред Конференцијата на Обединетите нации за борба против климатските промени.

Според анкетата, 37 проценти од испитаниците изјавиле дека се „многу загрижени“ поради глобалното затоплување, додека нивниот процент пред две години изнесувал 41.

Експертите оценуваат дека падот на загриженоста за глобалното затоплување е последица на економската криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...