На самитот во Копенхаген потребни се поамбициозни цели

Копенхаген, 16 декември (МИА) - Сите држави треба да објават поамбициозни цели во борбата против глобалното затоплување на самитот за климатски промени на ОН во Копенхаген, а развиените земји треба да кажат колкава помош ќе им дадат на сиромашните држави до 2020 година, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

- Останаа само уште три дена за да постигнеме конечен договор во Копенхаген. Јас сум умерен оптимист. Ги повикувам и развиените и земјите во развој да му се приклучат на новиот договор. Мислам дека тие можат и мораат да направат повеќе на полето на намалување на емисиите гасови со ефект на стаклена градина, како и за финансиска поддршка во борба против климатските промени, истакна генералниот секретар на ОН.

Тој истакна дека една од клучните работи за договор околу новиот климатски договор на самитот во данскиот главен град, кој се одржува од 7 до 18 декември, е финансиската поддршка за земјите во развој.

Бан Ки-мун објасни дека е потребно да се одредат механизми за собирање помош, формула за нејзина поделба и износ на вкупната помош, додавајќи дека количеството средства зависи од државите членки на ОН.

Светската организација бара за почеток земјите да издвојат вкупно 10 милијарди долари годишно во периодот меѓу 2010 и 2012 година за помош на сиромашните земји, кои треба да се изборат со последиците од глобалното затоплување како што се честите поплави, суши, лизгање на земјиштето и зголемување на нивото на морињата.

- Иако е добар почеток, тоа е сепак само почеток, нагласи Бан Ки-мун.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...