Кина ги блокира преговорите во Копенхаген

Копнехаген, 18 декември (МИА) - Кина ги блокира преговорите за завршниот документ на Конференцијата на ОН за климатските промени, што се одржува во Копнехаген, изјави денеска францускиот претседател Никола Саркози. 

- Се уште не е постигнат договор на преговорите за климатските промени. Противењето на Кина на системот за мониторинг на емисиите на јаглерод диоксид е главен камен на сопнување, нагласи Саркози по средбата со американскиот претседател Барак Обама во Копенхаген.

Несогласувањата околу содржината на завршниот документ на собирот беше причина за одлагање на почетокот на денешното заседание на Конференцијата на ОН за климатските промени.

- Преговорите траеја цела ноќ без прекин. Добра вест е тоа што тие продолжуваат, а лоша, што не дојдовме до решение, рече Саркози.

Според него, Кина категорично се противи да дозволи меѓународни набљудувачи да ги следат нејзините емисии на јаглерод диоксид во атмосферата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...