Склучувањето на сеопфатен договор за климата се одлага за крајот на 2010 година

Копенхаген, 19 декември (МИА) - Учесниците на конференцијата на ОН за клима денеска усвоија заклучен документ во кој изјавуваат дека го потврдуваат договорот постигнат меѓу лидерите на 30-тина најголеми економии во светот за борба против глобалното затоплување.

На овој начин е избегнат неуспех на средбата, која требаше да заврши вчера во 18 часот по локално време, но дискусиите меѓу делегациите продолжија до денеска.

„Конференцијата на земјите го потврдува договорот од Копенхаген“, се вели во заклучниот документ, усвоен од 193-те земји кои сепак не го одобрија со гласање.

По напроспиената ноќ исполнета со остри дебати, учесниците претпладнево се уште се размислуваа дали да го прифатат договорот за борба против глобалното затоплување кој го склучија триесетина шефови на држави.

Механизмите за финансирање, предвидени во документот, можат да функционираат само доколку договорот официјално биде усвоен од страна на конференцијата на земјите од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.

„Политичката декларација“ за „договорот од Копенхаген“ малку избрзано синоќа ја објавија претседатлите на САД и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози. Таа беше претставена во пленарната сала пред делегатите на 193 држави и предизвика многу различни реакции.

Според Обама и Саркози документот, пред се, има само три страници и „не е доволен". Саркози сепак го нарече „најдоброто можно решение“ и истакна дека како цел е поставено ограничување на глобалното затоплување до два степени во споредба со прединдустриското ниво.

Се предвидува и создавање на специјален фонд под покровителство на конвенцијата за климата. За почеток во следните три години во него, според текстот, ќе влезат 30 милијарди долари. После сумата ќе се зголеми и до 2020 година ќе достигне 100 милијарди долари. Тие ќе бидат насочувани главно за помагање на земјите кои ќе бидат најранливи во адаптацијата кон последиците од климатските промени.

- За да влезат во сила тие одлуки, тие сепак ќе треба да се претворат во „одлуки на конференцијата“, потсети денеска британскиот министер за енергетика и климатски промени Едвард Милибанд.

Декларацијата засега обединува само триесетина држави - група која наликува на една проширена Г-20, која ги вклучува САД, Европа и големите новорастечки пазарни економии како Кина, Индија, Јужна Африка и Бразил - основните земји загадувачи на животната средина.

- Не станува збор за договор, туку за политички договор меѓу државни лидери, со кој тие се обидоа повторно да ја пуштат машината во работа, објасни во текот на ноќта францускиот министер за екологија Жан-Луи Борло.

Со текстот се повикуваат развиените и земјите во развој до крајот на јануари писмено да ги потврдат ангажманите за ограничување на емисиите на гасовите што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Тој предвидува и механизми кои ја гарантираат транспарентноста на нивното спроведување.

Со ова склучувањето на сеопфатен договор се одлага за крајот на 2010 година - со сигурност за конференцијата за клима во Мексико. Мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон ќе треба да се увери дека тоа ќе се претвори во правно обврзувачки договор.

Пред да замине од Данска, Барак Обама призна дека постигнувањето договор со правно обврзувачки карактер ќе биде многу тешко и ќе одземе многу време.

Германската канцеларка Ангела Меркел предложи одржување на уште една, не толку голема, конференција во јуни во Бон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...