Панденмскиот грип е со умерен интензитет

Женева, 23 декември (МИА) -  Пандемијата на новиот грип е со умерен интензитет, но од него се заразени, а  умираат поголем број помлади луѓе отколку од обичниот, сезонскиот грип, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО нагласува дека споредбата на бројката на смртни случаеви од пандемскиот грип и од сезонската инфлуенција, може да наведе на погрешни заклучоци.

Точната проценка на морталитетот од новиот грип ќе биде можно по една година до две, откако пандемијата го достигна максимумот.

Откако се појави новиот грип во април, според официјалните податоци починале најмалку 10.582 лица ширум светот, но тоа се само лабораториски потврдени случаеви. Тестирањето е многу скапо и во многу сиромашни земји не е утврдена причината за смртта.

Од сезонскиот грип во светот секоја година умираат по 250.000 до 500.000 луѓе, но тие проценки се дадени врз основа на статистичкиот модел.

Кај сезонската инфлуенција околу 90 отсто смртни случаеви отпаѓа на постарите лица кои често страдаат од една или повеќе хронични болести, од пандемскиот грип често страдаат многу помладите лица особено оние од ризичните категории.

Во соопштението, се наведува дека до крајот на година СЗО ќе донира вакцини против вирусот H1N1 на Азербејџан и на Монголија - први од 95 сиромашни земји, со што ќе бидат обезбедени 10 отсто од потребни вакцини. Богатите држави донираа вакцини и за Авганистан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...