Новиот грип досега во светот однесе 11.516 жртви

Женева, 24 декември (МИА) - Светската здравствена организација соопшти дека, според најновите податоци, од пандемискиот грип во светот досега починаа најмалку 11.516 лица.

Ова значи дека бројот на официјално пријавени смртни случаи од новиот грип во однос на последниот извештај на СЗО е зголемен за речиси 1.000 лица, пренесуваат агенциите.

СЗО напоменува дека во Северна Америка и во западноевропските држави точката на највисока активност на вирусот Х1Н1 веќе е помината, како и тоа дека во делови од Азија се забележува намалување на ширењето на заразата.

Вирусот во САД и Канада, се уште, е географски раширен, но значително е намалена зачестеноста на болеста во форма на грип. Исто така, СЗО регистрира и пад на бројот на пациенти кои се испратени на болничко лекување, како и бројот на умрени.

На стариот континент пренесувањето на вирусот се уште е насекаде раширено, но растот на неговата активност се регистрира само во централните и источноевропските земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...