Билансот на жртвите во Хаити може да достигне двесте илјади

Порт-о-Пренс, 16 јануари (МИА) - Билансот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Хаити, кој во вторникот ја погоди оваа сиромашна карипска држава, може да достигне 200.000, изјави синоќа министерот за внатрешни работи на таа земја, Пол Антоан Бјен-Еме.

- Ние веќе пронајдовме тела на околу 50.000 загинати, а очекуваме дека нивниот вкупен број може да изнесува меѓу 100.000 и 200.000, иако никогаш нема да го знаеме точниот број, истакна Бјен-Еме.

Државниот секретар за јавна безбедност Арами Луис изјави дека околу 40.000 жртви се погребани во масовни гробници.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека Владата на Хаити се согласила да ја отстапи привремената контрола на главниот аеродром во земјата на САД за да се забрза доставувањето на хуманитарна помош.

- Премиерот Жан Макс Белерив потпиша Меморандум за разбирање со кој се отстапува контролата на САД, истакна во Вашингтон, портпаролот на Стејт департментот Фил Кроули, додавајќи дека таквата ситуација ќе остане во сила до оној момент додека не биде потребно и Владата во Хаити не биде во состојба потворно да го преземе аеродромот.

Обединетите нации во меѓувреме, упатија помош до Хаити во висина од 562 милиони долари од кои речиси половина ќе бидат потрошени за храна, соопшти Светската организација.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска ќе го посети Хаити заедно со новиот раководител на Американската агенција за меѓународен развој Раџив Шах, за да се запознае со ситуацијата во земјата по земјотресот. Таа изјави дека ќе се сретне со претседателот на Хаити, Рене Превал, со членови на Владата, како и со американски претставници во Порт-о-Пренс, за да го разгледаат забрзувањето на доставувањето хуманитарната помош и обновата на земјата.

Илјадници американски војници беа испратени во Хаити, а претседателот на САД Барак Обама нареди на државата да и бидат доделени 100 милиони долари. Обама за денеска закажа средба во Белата куќа со републиканецот Џорџ Буш и демократот Бил Клинтон кои се согласија да ги забрзаат напорите за прибирање финансиска помош од приватниот сектор.

Во меѓувреме, се јавува за пораст на тензиите меѓу жителите на Хаити додека чекаат да пристигне меѓународна помош. Очајната состојба на граѓаните на престолнината Порт-о-Пренс се повеќе се претвора во бес поради бавното доставување на помошта, е не се ретки ниту случаите на грабежи и тепачки на изгладнетите жители околу вреќите со храна.

Во зејотресот што го погоди Хаити се уништени и претседателската палата, најмалку осум болници и здравствени центри, а прекинати се комуникациските врски и напојувањето со електрична енергија.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 15 километри западно од Порт-о-Пренс, а потресот на тлото се почувствувал и во соседната Доминиканска република, на островот Хиспаниоли и во источните делови на Куба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...