После катастрофалниот земјотрес на Хаитите, стручните лица направиле ранг- листа на местата кои наскоро би требало да очекуваат голем земјотрес, а првото место на листата го зазеде Лос Анџелес, бидејќи голем земјотрес го погодува на секои 150 години.
После големиот земјотрес што се случил во 1859 година, стручните лица се плашат дека нова катаклизма е пред вратата на Лос Анџелес. Бидејќи станува збор за богата земја, последиците ни приближно не би биле како на Хаитите. Американците граделе цврсто, бидејќи знаат дека живеат на “стаклени нозе“, пренесува веб порталот “24 часа“.
Второто место го зазел главниот град на Јапонија, Токио, кој има 13 милиони граѓани. Јапонците исто така имаат солидни градби, но со оглед на големата популација, последиците би биле потешки отколку во Лос Анџелес.
Иранскиот главен град Техеран е на третото место. За каква опасност станува збор, најдобро говори податокот дека Иранците сериозно размислуваат за тоа главниот град да го “преместат“ на сигурно подрачје.
Четвртата позиција ја зазема пацифичкиот северозапад на САД, додека на петтото место на црниот список се наоѓа пренаселената Индонезија, земја која пред пет години ја зафати катастрофално цунами, во кое животот го загубија 200.000 луѓе.