Немаше пандемија од свински грип

Германскиот епидемиолог Волфганг Водарг тврди дека вирусот Х1Н1 е послаб од вирусот на сезонскиот грип и дека немало потреба да се прогласи пандемија во светот, а за тоа се виновни фармацевтските компании

Немаше пандемија од свински грип, туку целата работа ја измислија фармацевтските компании кои сакаа да заработат на вакцините, тврди германскиот епидемиолог Волфганг Водарг. Како еден од аргументите за тоа, тој наведува дека бројот на заболените во светот се намалува токму во време кога треба да расте и тврди дека вирусот Х1Н1 е послаб од вирусот на сезонскиот грип, кој секоја година зема многу животи.

Следејќи како Светската здравствена организација СЗО се подготвува за одговор на ширењето на свинскиот грип, германскиот епидемиолог, инаку поранешен претседател на комитетот за здравство на Парламентарното собрание на Советот на Европа, не можел да сфати како само 1.000 случаи на зараза, во град од 20 милиони жители како што е Мексико Сити, може да биде вистинска пандемија.

Малку смртни случаи

- Тоа што го доживеа Мексико беше многу благ грип, кој не усмрти повеќе луѓе од вообичаено. Напротив, од тој грип умреа помалку лица од вообичаениот сезонски грип. Тоа што слабиот грип, кој брзо се ширеше, наеднаш се употреби како пандемија, беше сосема нешто ново. Се прашував зошто СЗО прави таква глупост - рече Водарг за британскиот весник БиБиСи. Меѓутоа, новата дефиниција за пандемија на СЗО се темели само на ширење на болеста, а не на нејзината сериозност и на 11 јуни нејзиниот генерален директор Маргарет Чен објави дека светот се најде на праг на пандемија на грипот.

- Земјите низ целиот свет своите планови за случајот на пандемија почнаа да ги спроведуваат на дело, трошејќи пари од своите здравствени буџети за вакцина која не беше потребна. На крајот некој од сето тоа извлече корист - наведе Водарг.

Во финансискиот кварт во Цирих, финансиски аналитичар и специјалист за работењето на фармацевстките компании Кристоф Егман ги следеше резултатите на производителот на вакцини „Новартис“ во последните три месеци во 2009 година.

- Во четвртиот квартал „Новартис“ профитираше од продажбата на вакцини околу 1,4 милијарди долари. Тоа е за една милијарда повеќе од минатата година. Таа милијарда е заработена само од продажбата на вакцини за пандемијата од грипот Х1Н1. Свинскиот грип всушност даде голем поттик во бизнисот за производство на вакцини - рече Егман. Последните години СЗО влезе во партнерство со фармацевтската индустрија. Имено, СЗО одлучува кога ќе настапи пандемија, а потоа производителите на лековите. Многумина производители се претставници кои ја советуваат СЗО и можат да испорачаат свои вакцини на огромниот светски пазар.

Пандемиите се добри за бизнис

Шефот на одделението за производство на „Новартис“ Андрин Освалд вели дека пандемиите се добри за бизнисот.

- Очигледно е дека се занимаваме со бизнис и дека правиме производи за кои се надеваме дека на некого ќе му требаат и дека тој некој ќе може да ги плати. Тоа е она што ние го правиме. Во спротивно, зошто би постоеле? Значи, ако постои потреба за нова вакцина и некоја влада сака да ја купи таа вакцина, од деловна гледна точка - да, тоа е добро. Ги произведуваме во случај ако еден ден бидат потребни и тоа е многу јасно - вели Освалд. Меѓутоа, постојат сомневања дека во Комитетот за вонредни состојби, кој го советува СЗО за свинскиот грип, има луѓе кои се поврзани со фармацевтската индустрија.

Главниот портпарол на СЗО Грегори Харти на прашањето на новинарите на Би-Би-Си за можното постоење на судир на интереси рече дека за тоа се водела расправа во Комитетот.

- Имињата се уште јавно не се соопштени. Комитетот е се уште тело во заседание. Се смета, дека можноста за непотребен притисок на неговите членови е во голема мера, во момент кога носи одлуки од општествено и економско значење, па за сега подобро е имињата да ги држат во тајност - наведе Харти.

Истрага и во Советот на Европа

Спротивставените ставови на експертите за пандемијата на свинскиот грип, го принудија и Советот на Европа да започне истрага за целиот случај. Таа истрага има поддршка од доктори како што е Волфганг Водарг.

- Мора да откриеме дали постои непотребно влијание на индустријата внатре во тоа приватно-јавно партнерство во СЗО. На фармацевтската индустрија и се потребни пациенти, болни лица, бидејќи така профитираат повеќе. Нејзините акционери имаат целосно поинакви интереси од интересите на здравствените службеници - вели Водарг.

СЗО соопшти дека ќе спроведе истрага, но само кога пандемијата ќе заврши.

Press - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...