Во случај на напад Израел треба да се уништи

Техеран, 11 февруари (МИА) - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека на Израел треба да  му се даде сериозен отпор и да се докрајчи доколку се обиде да изведе воена акција во регионот, информира денеска државната телевизија ИРИБ.

-Имаме сигурни информации... дека ционистичкиот режим се обидува да ја надомести штетата настаната по смешните порази од народите во Газа и либанскиот Хезболах, рече синоќа Ахмадинеџад во телефонскиот разговор со сирискиот претседател Башар ал Асад, алудирајќи на судирите од 2006 и 2009 година.

-Доколку ционистичкиот режим ја повтори оваа грешка и почне воена операција, тогаш треба да му се даде отпор со сите сили  и да се заврши со него за сите времиња, истакна тој.

Ахмадинеџад, кој во повеќе наврати го претскажуваше неизбежниот крај на израелската држава, порача дека Иран ќе останува на страната на земјите од регионот, меѓу кои се Сирија, Либан и Палестина, пренесоа светските агенции.

Сирија, клучниот сојузник на Иран во регионот, минатата недела го обвини Израел дека го турка Блискиот исток во нова војна.

Либанскиот премиер Саад ал-Харири вчера изјави дека израелските борбени авиони секојдневно навлегуваат во либанскиот воздушен простор, што предизвикува голема напрегнатост.

Иран не го признава Израел, нарекувајќи го „ционистики режим“.

Израел, од друга страна, смета дека иранската нуклеарна програма  претставува закана  и не ја исклучува можноста  за спроведување воена акција против Техеран  доколку решението за спорот не се постигне со дипломатски средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...