Повикот на џихад, упатен од шеф на држава, е недозволив

Женева, 26 февруари (МИА) - Повици кон света војна, упатени од шеф на држава, се неприфатливи, изјави Сергеј Орџоникидзе, раководител на службата на ОН во Женева, пренесоа агенциите.

Реакцијата на претставникот на ОН е дадена по повод вчерашниот повик, упатен од либискиот лидер Моамер ел Гадафи, за света војна против Швајцарија.

-Сметам дека ваквите изјави, дадени од еден шеф на држава, се недозволиви во рамки на меѓународните односи, изјави Орџоникидзе.

Гадафи повика на света војна против Швајцарија заради забраната на изградбата на минариња на швајцарска територија.

Во обраќање во Бенгази по повод празникот Мулуд, кој се слави во чест на раѓањето на пророкот Мохамед, Гадафи ја нарече Швајцарија „земја на неверници и грешници“.

- Против Швајцарија, земја на неверници и грешници, кои ги уриваат домовите на Алах треба да биде објавен џихад со сите можни средства, изјави Гадафи.

На 29 ноември минатата година 57,7 отсто од Швајцарците се изјаснија на референдум против изградба на минариња во земјата.

Во меѓувреме, односите меѓу Швајцарија и Либија драстично се влошија откако во јули 2008 година во Женева беше уапсен еден од синовите на Гадафи, Ханибал, под обвинение дека ги малтретирал своите слуги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...