Бројот на жртвите во Чиле достигна 708 лица

Сантијаго, 28 февруари (МИА) - Жртвите во вчерашниот катастрофален земјотрес во Чиле веќе се 708 лица, а нивниот број може да продолжи да се зголемува, изјави претседателот на Чиле, Мишел Бачелет.

Во погодените региони од земјотресот со интензитет од 8,8 степени според Рихтер е прогласена вонредна состојба. Разурнати се куќи, патишта, има прекин на телефонските врски и електричната енергија.

Станбена зграда со околу 200 луѓе во неа се урна во Консепсион, најблискиот град до епицентарот на потресот, а според спасувачките екипи не се знае колку од нив успеале да се спасат. Во градот со 670.000 жители струјата и водата се во прекин, а многу луѓе не се враќаат во своите домови поради страв од евентуални нови потреси.

Земјотресот ја прекина работата и на две нафтени рафинерии.

Шефицата на државата изјави дека 1,5 милиони луѓе се останати без покрив над главата.

Главниот град на земјата, Сантијаго, кој се наоѓа на околу 320 километри од епицентарот, исто така е разурнат. Меѓународниот аеродром ќе биде затворен најмалку 24 часа.

Бачелет истакна дека Владата не побарала помош од други држави. Американскиот претседател Барак Обама изрази подготвеност САД да помогнат доколку е потребно, а ЕУ да испрати хуманитарна помош во вредност од три милиони евра.

Земјите со излез на Тихиот океан почнаа со евакуација на населението од крајбрежните зони, откако американските власти објавија тревога поради опасност од цунами.

Цунами бран со височина од 2,34 метри вчера погоди дел од чилеанското крајбрежје, соопшти пацифичкиот центар за предупредување од цунами. Бранот го погодил градот Талкауано и уште десет села во 6.53 по Гринич, 20 минути по силниот земјотресот. Други податоци не се соопштени.

Првиот земјотрес беше регистриран вчера во 03:34 по локално време со јачина од 8,8 степени по Рихтеровата скала, а 18 минути подоцна следуваше уште еден, со интензитет од 6,2 степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...