Обновата на Чиле ќе трае три до четири години

Сантјаго, 4 март (МИА) - Обновата на Чиле по разурнувачкиот земјотрес од саботата ќе одземе меѓу три и четири години, прогнозира денеска претседателот Мишел Бачелет, цитирана од светските агенции.

Бачелет соопшти дека, според некои пресметки, потресот нанел штети во износ од 30 милијарди долари.

-Чиле веројатно ќе се обрати кон меѓународните институции за потребите на својата обнова, забележа таа.

Бројот на жртвите од земјотресот веќе надмина 800, пренесоа агенциите. Според последните податоци на властите, во земјотресот загинаа 802 лица. Претходните пресметки говореа за 799 жртви.

Огромен дел од загинатите - приближно 600, смртта ги затекнала по крајбрежјето на јужната област Мауле, каде гигантските бранови цунами разурнаа неколку летувалишта.

Се очекува бројот на жртвите да продолжи да расте, евентуално до илјада, имајќи го предвид текот на операциите за потрага по исчезнати луѓе.

Во реонот на крајбрежниот град Конститусион, со околу 60.000 жители, најмалку 300 лица се водат како исчезнати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...