ОН со 10 милиони долари помош за Чиле

Сантјаго, 6 март (МИА) - Обединетите Нации ќе испратат итна помош од 10 милиони долари за Чиле, кое минатата сабота го погоди катастрофален земјотрес, објави синоќа во Сантјаго генералниот секретар на светската организација Бан Ки-мун.

Бан рече дека ОН и Владата на Чиле ќе формираат заеднички спасувачки тимови кои ќе работат во најзагрозените подрачја.

- Во време на катастрофи ОН се фокусирани на снабдување со храна, вода и грижа за сместувањето и здравствената состојба на загрозените, рече Бан.

Генералниот секретар на ОН ја пофали чилеанската претседателка Мишел Бачелет, која јавноста ја критикуваше дека не реагирала доволно брзо после еден од најразурнувачките земјотреси што ја погоди земјата.

- Претседателката Бачелет покажа одлучност и посветеност во решавањето на последиците од оваа национална катастрофа... после еден од најсилните земјотреси во историјата, рече Бан.

Бан, кој денеска ќе го посети Консепсион, еден од градовите кои најмногу беа погодени од земјотресот, рече дека за обнова на Чиле ќе бидат потребни повеќе средства.

Чилеанските власти се уште немаат објавено проценка на штетите, но аналитичарите оценуваат дека таа изнесува меѓу 15 и 30 милијарди долари. Покрај помошта од ОН, Чиле до сега прими хуманитарна помош од 35 земји и 16 организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...