Тихуана, 5 април (МИА) - Силен земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди мексиканската држава Баха Калифорнија.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Земјотресот, кој е регистриран јужно од американско-мексиканската држава, бил почувствуван и во центарот на Лос Анџелес, Сан Диего, како и ширум Јужна Калифорнија и Аризона.
Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран на длабочина од 32 километри во Баха Калифорнија, на околу 175 километри југоисточно од Тихуана.