Објавени тајни снимки на убиство на новинари во Багдад

Вашингтон, 6 април (МИА) - Групата Викилик прикажа тајна снимка на американската армија во која се гледа како во напад од хеликоптер животот го губат десетина луѓе во Багдад меѓу кои две лица од тимот на Ројтерс.

Официјален претставник на американското Министерство за одбрана ја потврди автентичноста на снимката.

На инсертите е прикажано како е отворен оган врз група од девет луѓе кои се собрани на агол од улица, а потоа и на лица од комбе кое застанало да им помогне на ранети.

Речиси три години по нападот е прикажана снимката.

Викилк групата се бори против корупција и снимката ја објави на прес конференција. Нападот бил извршен на 12 јули 2007 година и во него загинаа Намир Нур Алдин (22), фоторепортер на Ројтерс и Саид Чмаг, возач од екипата на таа агенција.

Портпаролот на Викилк ја отфрли официјалната воена оценка дека нападот бил оправдан. Според него, војниците во хеликоптерите се однесувале како да играат компјутерска игра и сакаат „да постигнат што повеќе поени со убивање на противници“.

Официјалниот став на американската армија беше дека нападот бил оправдан. Иако Ројтерс бараше да му се достават снимките од кокпитот на хеликоптерот, тоа никогаш не беше направено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...