Израел преку Фејсбук врбува поткажувачи, тврди Хамас

Тел Авив, 8 април (МИА) - Палестинското движење Хамас го обвини Израел дека го користи социјалниот сервис Фејсбук за врбување поткажувачи меѓу Палестинците во појасот Газа.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Хамас Ехаб ал-Хусеини изјави дека луѓето кои го користат сајтот главно немаат чувство за безбедноста и дека некои од жителите на појасот Газа преку Фејсбук дискутираат за проблемите во личниот живот.

Тој тврди дека израелската армија потоа ги користи овие информации за да ги уцени корисниците на сајтот за да и помогнат во борба против Хамас.

И самиот Ал-Хусеини го користи Фејсбук, но единствената информација која за него на сајтот се однесува на тоа дека е портпарол на Хамас, пренесуваат израелските медиуми.

-Тие одат на Интернет и зборуваат за своите лични проблеми со нивните жени или девојки, рече Ал-Хусеини. 

Израелските разузнавачки служби тогаш можат да воспостават контакт преку телефон, и-мејл или со помош на постојните агенции во појасот Газа и да ги користат овие информации за притисок врз луѓето да станат шпиони.

Во појасот Газа, кој е под блокада на Израел и Египет, живеат 1,5 милиони Палестинци и таму пристапот до Интернет е многу популарен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...