ОН испраќаат специјален пратеник во Киргистан

Виена, 8 април (МИА) - Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изјави денеска во Виена дека словачкиот дипломат Јан Кубиш ќе замине како негов специјален пратеник за Киргистан, каде што по обидот за преврат власта беше преземена од опозицијата.

Кубиш ќе пристигне утре во Киргистан, истакна Бан Ки-мун.

Јан Кубиш е професионален дипломат и политичар, поранешен министер за надворешни работи на Словачка и поранешен генерален секретар на ОБСЕ.

Свој претставник во Киргистан ќе испрати и ОБСЕ, додаде генералниот секретар на ОН. Тој се сретна со новинари откако во австриската престолнина разговараше со министерот за надворешни работи на Австрија Михаел Шпинделегер.

Двајцата специјални пратеници ќе ги координираат своите дејствија.

Генералниот секретар на ОН изрази вознемиреност во врска со насилствата во Киргистан и ги повика страните кон мирно решавање на ситуацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...