Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја со воени дејствија

Сеул, 25 мај 2010 (МИА) - Северна Кореја се закани дека ќе преземе воени дејствија доколку Јужна Кореја продолжи да ги нарушува севернокорејските територијални води крај западното крајбрежје на полуостровот, пренесоа светските агенции.

-Ако продолжат навлегувањата на Југот во нашите територијални води, Корејската народнодемократска република ќе преземе воени мерки за да ги заштити своите води, како што веќе појасни, а Југот ќе биде сметан за целосно одговорен за сите последици што ќе произлезат од овие мерки, изјави високо позициониран севернокорејски претставник, цитиран од севернокорејските медиуми.

Воинствената реторика на Пјонгјанг предизвика загриженост на финансиските пазари и ја наметна потребата јужнокорејските власти да свикаат вонредна средба за да ги смират инвеститорите.

Недоразбирање предизвика соопштението на јужнокорејската агенција Јонхап, според која Северна Кореја се подготвува за војна. На крајот се покажа дека агенцијата се повикала на соопштение од севернокорејски извор, кое гласело само дека Северна Кореја ќе одговори на удар, доколку биде нападната.

Повеќето аналитичари се сомневаат дека некоја од двете држави е подготвена да ризикува војна, бидејќи таа би била самоубиствена за Северна Кореја и опустошувачка за јужнокорејската економија, забележаа светските агенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...