Израелските командоси убија над 10 пропалестински активисти

Ерусалим, 31 мај 2010 (МИА) - Над 10 пропалестински активисти, кои патуваа со меѓународната флотила за појасот Газа, се убиени од израелските военопоморски сили, кои утринава го запреа хуманитарниот конвој, соопшти израелската армија во коминике, цитирано од светските агенции.

Повредени се десетици лица, патници од флотилата и најмалку четворица израелски војници.

Меѓу повредните е и Раед Салах, лидер на радикалното крило на организацијата Исламско движење во Израел, тврдат израелски арапски извори.

Приватниот Канал 10 на израелската телевизија претходно информира за меѓу 14 и 16 убиени во инцидентот.

Кога израелските командоси се качиле на шесте бродови тие биле нападнати со ножови и стапови. Еден од активистите му го одзел оружјето на израелски командос и тоа произвикало истрел. Се уште не е утврдено дали истрелот бил случаен или не, наведува телевизијата.

На крајот израелските военопоморски сили воспоставиле контрола врз шесте бродови, кои сакаа да ја нарушат блокадата врз појасот Газа, што ја има наметнато Израел.

Израелската полиција го зголеми степенот на опасност од напади во цела земја поради стравувања од евентуален бран насилства меѓу израелските Арапи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...