Турција бара одржување на вондредна седница на СБ поради инцидентот во Средоземно Море

Анкара, 31 мај 2010 (МИА) - Турција потврди дека ќе побара одржување на вондредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради денешниот напад на израелската армија врз хуманитарниот конвој во источниот дел на Средоземно Море при што загинаа најмалку 19 хуманитарни работници.

Поради инцидентот турското Министерство за надворешни работи го отповика и амбасадорот од Тел Авив. Во нападнатиот конвој неколку бродови пловеле под турско знаме. Во Истанбул околу 10.000 луѓе протестираа пред израелскиот конзулат.

Поради денешниот инцидент во Медитеранот вондредна седница свика и Европската унија, а претходно високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ешто изјави дека ЕУ побарала истрага за нападот на израелската армија врз конвојот од шест бродови со 10.000 тони хуманитарна помош за Палестинците кој тргнал од Турција за Појасот Газа.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја прекина турнејата по  Јужна Амерка, додека израелскиот премиер Бенџамин Нетањаху ја прекина посетата на Канада. На палестинските територии, претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост.

Во меѓувреме, генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса денешниот инцидент оценувајќи го како „терористички акт“ за утре закажа итен состанок, на кој ќе учествуваат 22 земји-членки.

Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер е „длабоко шокиран“ од израелскиот напад врз пропалетсинскиот конвој која пловеше кон Газа, оценувајќи дека „ништо не ја оправда употребата на таква сила“.

Портпаролот на израелската армија генерал Ави Бенјaху изјави, дека не знае кој дал наредба за пукање врз пропалестинските активисти, кои патуваa со меѓународната флотила за Појасот Газа.

Израелските медиуми претходно јавија дека израелските командоси биле нападнати на бродовите од пропалестинските активисти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...