Израел веднаш да ја крене блокадата во Газа

Њујорк/Каиро/Женева, 3 јуни 2010 (МИА) - Израелската блокада на појасот Газа „треба веднаш да се крене“, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Сериозниот инцидент со израелската акција против меѓународниот конвој, кој превезуваше хуманитарна помош за Газа, „ја стави во прв план блокадата на оваа територија, која трае веќе подолго време“, изјави тој.

 - Оваа блокада е контрапродуктивна, неморална и не може да биде поддржана. Таа треба да биде крената веднаш, нагласи Бан Ки Мун.

Изјавата е дадена по серијата состаноци на генералниот секретар на ОН со амбасадорите на Израел, Турција и арапските земји и петте постојани земји членки на Советот за безбедност Кина, САД, Франција, Велика Британија и Русија.

Истовремено, за седницата на Арапската лига во Каиро, арапските земји одлучија да го постават прашањето за блокадата на Газа пред Советот за безбедност на ОН. Тие ќе инсистираат Советот за безбедност на ОН да побара од Израел да ја крене блокадата, соопшти генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса.

Советот за човекови права на ОН, вчера, со резолуција го осуди „ужасниот напад“ на Израел против меѓународниот конвој, што превезуваше хуманитарна помош за Газа.   

Резолуцијата, предложена од исламските земји, беше прифатена со 32 гласови „за“, три „против“ и девет „воздржани“. Против документот гласаа Сад, Италија и Холандија.

Советот за човекови права одлучи да состави анкетна комисија, која ќе ги испита евентуалните прекршувања на меѓународното право од страна на Израел.

Вашингтон, сепак, изјави дека не го поддржува тоа решение бидејќи, како што изјави, смета дека Израел е во состојба да спроведе „сигурна, транспарентна и праведна истрага за случајот“.

 - Веруваме, дека Израел е во добра позиција да ја води истрагата и е целосно способен да го испита случајот во кој е вмешана неговата армија, изјави портпаролот на Стејт департменот Филип Кроули.

Според изјавата на портпаролот, американската администрација смета дека со донесувањето на резолуцијата на Советот за човекови права на ОН ќе се направи „избрзан заклучок“ за инцидентот со меѓународниот конвој. Активностите на Советот можат само „ дополнително да ја политизираат деликатната и нестабилна ситуација“, предупреди Кроули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...