Најмалку 12 загинати и 126 повредени во Киргистан

Бишкек, 11 јуни 2010 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа, а 126 се посериозно повредени во немири што избувнаа синоќа во градот Ош во јужниот дел на Киргистан, откако стотици млади лица дивееја по улиците, кршејќи излози, ограбувајќи продавници и палејќи возила.

Според извори од Министерството за здравство на Киргистан, хоспитализираните граѓани имаат разни видови повреди, вклучувајќи и рани од огнено оружје.

Поради немирите, во Ош, кој е втор по големина киргистански град, е прогласена вонредна состојба и е воведен полициски час.

- Привремената влада во Киргистан на чело со Роза Отунбајева, прогласи вонредна состојба во Ош и три околни области, по вонредната седница во раните утрински часови, изјави утрово портпаролот на киргистанската Влада, Фарид Нијазов.

Јужен Киргистан претставуваше упориште на поранешниот претседател Курманбек Бакиев, кој беше сменет по априлските немири  во оваа централноазиска земја.

Нијазов додаде дека во синоќешните насилства на улиците  на Ош, кои започнаа со меѓусебни судири на повеќе млади луѓе, учествувале меѓу 1.000 и 3.000 лица.

- Масата се разбегала по интервенција на војската со оклопни возила, изјави Нијазов, додавајќи дека вонредната состојба и полицискиот час ќе останат на сила до 20 јуни.

Локален лекар, кој побарал анонимност, соопшти дека во неговата болница синоќа биле донесени повеќе од 500 граѓани со повреди нанесени од ладно оружје. 

Според локалните медиуми, во нередите биле запалени зградата на Узбекистанскиот драмски театар, регионалната филхармонија и телевизија, еден хотелот, печатница, трговски центар, како и повеќе кафулиња.

Во градот се уште се слушаат пукотници, а поголеми групи на луѓе се движат по улиците извикувајќи „Да живее Киргистан“.

Некои членови на привремената Влада сметаат дека нередите се последица на етнички конфликт во градот, во кој живеат Узбекистанци и Киргистанци, но и дека се претходно планирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...