Нафта и гас истекуваат во Мексиканскиот Залив

Њу Орлеанс, 20 јули 2010 (МИА) - Нафта и гас истекуваат од чепот, кој британската компанија БП го постави врз нафтениот извор на дното на Мексиканскиот залив.

Американскиот адмиралот Тед Ален, кој раководи со операцијата за спречување на последиците од истекувањето на нафтата во Заливот изјави дека истекувањето не е последица на поставувањето на чепот.

БП исто така соопшти за две истекувања на околу три километри од изворот Макондо. Едното претставува „споро формиран балон од гас“ под дното, во близина на чепот, а другото истекување исто така се наоѓа во близина на „грлото“ на нафтениот извор.

Според портпаролот на БП можно е да истекува азот, кој понекогаш се натрупува на дното во близина на длабоки подводни нафтени наоѓалишта и оти не станува збор за природен гас, кој би претставувал сигнал дека нафтата во затворениот извор е на пат да избие на површината.

Адмиралот Ален нагласи дека БП може да продолжи да ја следи состојбата и да го држи изворот затворен уште 24 часа, при што треба да информира за евентуалното влошување на ситуацијата.

- Доколку притисокот ненадејно се покачи, вентилите на чепот итно ќе бидат отворени, со цел да не се дозволи нафтата да пробие на друго мести, истакна Ален.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...